Спасовски: Национален интерес е Македонија да биде дел од ЕУ
Клучен момент за евроатланските процеси, но и за целиот регион се очекувањата за уставни измени, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на ТВ Сител.
– Мислам дека сега одредени состојби, геостратешките политики и испреплетувањето на интересите, од една страна покажаа дека Европа не може да биде целосно консолидирана доколку земјите од Западен Балкан не бидат дел од Европската Унија и тоа создаде еден поголем интерес за интеграција на Република Македонија и на државите од регионот генерално и мислам дека тој момент мора да биде искористен.
А за да биде искористен не треба само декларативни изјави и кажувања за тоа што ние сакаме и посакуваме како политички водства и генерално политички партии, туку тоа треба да го покажеме пред граѓаните. Мислам дека кога се зборува за национални интереси, а еден од клучните национални интереси е Република Македонија да биде дел од европското семејство тука нема ниту политика ниту политиканство, тука треба да се гледа интересот на државата и на граѓаните – истакна Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…