СЕНЗАЦИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА ВИМБЛДОН Вондрушова како аутсајдерка ја освои титулата
Чешката тенисерка Маркета Вондрушова е новата шампионка на Вимблдон. Таа во сензационалното финале ја совлада Онс Жабер од Тунис, во два сета со 6-4, 6-4.
Жабер и Вондрушова одиграа неверојатен меч. Чехинката, 42. тенисерка во светот, во финалето покажа максимална посветеност и квалитет и успеа да ја совлада фаворизираната противничка и да ја освои својата прва грен слем титула и тоа токму на најпрестижниот тениски турнир.
За изненадувањето да биде уште поголемо, Вондрушова до успехот стигна како тенисерка што не се најде на списокот на носители. Само за информација, последната финалистка од тенисерките што не биле на листата на носителки, играла во финалето на Вимблдон пред повеќе од половина век!
Жабер имаше шанса да се врати во мечот во вториот сет, одигра подобро, направи брејк, но се повтори епилогот од лани кога подобра од неа во финалето на Вилблдон беше Елена Рибакина.
Пред почетокот на натпреварот се случи помал скандал на Централниот терен. Жабер излезе на загревање во црна опрема, со намера да се подготви, да го почувствува теренот, а потоа да отиде во соблекувалната и да се пресоблече, но тоа не ѝ беше дозволено. Кога излезе во црна комбинација на тревата на Централниот терен, веднаш беше исфрлена бидејќи традицијата и првилникот на Вимблдон налага тенисерите да бидат облечени во целосно бела опрема.
За Жабер немаше дополнителни санкции, кога се пресоблече можеше да се врати на теренот. Но, Тунижанката немаше ни многу среќа го загуби фналето против мотивираната Вондрушова.
Машкото финбале на Вимблдон на програмата е утре во 15 часот, а за престижната грен слем титула
е се борат Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: Радически освои 2.943 гласа во Брвеница,…
На предвремените избори за градоначалник на Општина…
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му…
Од рубриката верувале или не: По дебаклот…
Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ…
УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БРВЕНИЦА: Стојанчо…
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ остварија убедлива…
(Видео) ВМРО слави 4:1 водство пред СДСМ…
Кндидатот на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројаните гласови…