Објавено на:

Торино пратил понуда за Барди – да го земе на заем, па догодина да го откупи

t

Италијански Торино, кој во изминативе шест-седум месеци беше еден од низата клубови кои покажуваа интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди, според последните информации веќе пратил понуда до Трабзонспор за да го земе фудбалерот за врска.

„Биковите“ испратиле понуда да го земат Барди на заем за оваа сезона, а идното лето да го откупат договорот на македонскиот репрезентативец и сега чекаат одговор од Турците дали е прифатливо вакво нешто.

Барди сака да остане во Трабзон, барем така најавуваа турски медиуми, има уште две години договор откако ланското лето дојде за три милиони евра од шпански Леванте, но Трабзон поради кратење на буџетот за добра сума на пари сакаат да го продадат, а еден од ланските џиновски засилувања веќе спогодбено раскина – Марк Бартра.

Покрај Торино, интерес во изминатиов период за Барди имаше и од Жирона, англиски Хал, како и американски ЛА Галакси.

Барди вчера даде гол од слободен удар за Трабзон во подготвителниот период за новата сезона.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…

(Видео) Драматична снимка од пожарот во Хрватска:…

Додека се проценува штетата во областа Омиш…

(Видео) Вучиќ: Се обидов да го измијам…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави на…

Дали златото ќе мине 4500 долари за…

На пазарот на злато утрово не се…