Објавено на:

„Чекам да го проценам Елмас, подарок ќе е ако навистина е толку – разновиден“

t

Новиот кормилар на италијанскиот шампион Наполи, Руди Гарсија порача дека едвај чека да го процели македонскиот дијамант Елиф Елмас, кој наскоро ќе влезе во тренажен процес во подготовките за новата сезона, зашто досега сѐ е на зборови дека има играч кој може да игра каде сака.

Лучано Спалети, доскорешниот тренер на Наполи, Елмас го користеше буквално на секоја позиција во средината, на крилните позиции, а еднаш и како центарфор, па Гарсија сега посочува дека „дар за секој тренер е ако има така разновиден фудбалер“.

„Ако Елмас навистина е толку разновиден фудбалер, тогаш тој е подарок за секој тренер. Речиси секогаш во тимот треба да имате еден-двајца такви поливалентни играчи, кои може да одговорат на секоја позиција на која ќе ги ставите и тренерот да ги користи во различни улоги кога ќе затреба. Сепак, Елмас кога ќе се врати, прво ќе го проценам“, рече Гарсија.

После завршување на сезоната и историското „скудето“ по 33 години, менаџерите на Елмас најавија разговори со Гарсија за да видат какви се плановите на новиот тренер со македонскиот фудбалер, потенцирајќи дека има многу интерес за „дијамантот“, како од Бундеслигата, така и од Ла Лига и од Премиерлигата.

Не е тајна дека Елмас сака поголема минутажа и повеќе улога на стартер одошто досега како џокер, а тој веќе четири години е дел од Наполи откако дојде за 16 милиони евра од Фенербахче во летото 2019 година. Во последнава година, Милан, Ливерпул и Борусија Дортмунд беа посочени низ европските медиуми како клубови со голем интерес, но без конкретна понуда до Наполи.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…