Алкараз по епскa битка го освои Вимблдон
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е новиот шампион на Вимблдон, откако денеска со 3-2 во сетови,односно 1-6, 7-6, 6-1, 3-6 и 6-4 славеше против ланскиот првак Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ имаше фуриозен почеток на натпреварот и врза два брејка на сервисот на Алкараз за водство од 5-0, по што шпанскиот тенисер до крајот на сетот успеа да освои само еден гем (1-6).
Алкараз прв направи брејк во вториот сет и поведе со 2-0, но Ѓоковиќ веднаш се врати во игра и израмни на 2-2. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис до тај-брејкот каде што Шпанецот беше подобар со 8-6.
Шпанецот доминираше во третиот сет, каде што дури три пати му го одзема сервисот на Ѓоковиќ за 6-1 и водство од 2-1 во сетови.
Ѓоковиќ го крена нивото на игра во четвртиот сет, откако спаси две брејк топки, а потоа му го одзема сервисот на Шпанецот за водство од 3-2. Србинот играше добро и во продолжение од сетот кој му припадна со 6-3.
Во петтиот сет Алкараз направи брејк во третиот гем за водство од 2-1, а потоа беше сигурен на свој сервис за водство од 4-2. Ѓоковиќ се обидуваше да направи брејк и да ја врати неизвесноста, но едноставно не можеше да го надигра младиот Шпанец (6-4).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…