Објавено на:

Лавица се шета по улиците на Берлин: Предупредување за жителите да не излегуваат надвор

t

Берлинската полиција ги предупреди граѓаните дека се верува дека лавица е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина.


Жителите беа предупредени да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат домашните миленици во затворени простории, објави Ројтерс.
Јавниот сервис РББ јави дека во тек е полициска потрага по лавицата во која учествуваат хеликоптер и противпожарни бригади.


Животното за кое постои сомневање дека е побегната лавица, наводно било забележано денеска во регионот Потсдам во предградието на германската престолнина, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека во потрагата по животното се вклучени и ветеринари и ловџии.
Полицијата соопшти дека добила информација за присуството на животното од сведоци кои го снимиле како напаѓа и убива дива свиња.


Полицијата соопшти дека не знае од каде дошло животното откако ги проверила зоолошките градини, циркусите и засолништата за животни каде лавицата не била пријавена за исчезната.
Потрагата по лавицата е фокусирана на општината Клајнмахнов на јужната периферија на Берлин, која има околу 20.000 жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Омилената новинарка на Путин“: Ако ја нападнат…

Маргарита Симонијан, главна уредничка на „Русија денес“,…

Момче избодено во основно училиште во Берлин,…

Дванаесетгодишно момче е тешко повредено денеска при…

Спречен напад на израелската амбасада во Берлин

Специјалци на германската полиција фатиле Либиец во…

Демонстрации во Берлин за мирно решавање на…

Во главниот град на Германија, Берлин, на…

Со воз од Берлин до Париз за…

Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани…