Улично куче спасило бебе фрлено во црно кесе во Либан!
Улично куче спасило бебе фрлено во црно кесе во Либан.
Женското бебе е пронајдено напуштено во вреќа за отпадоци што ја носело улично куче во северниот либански град Триполи во средата. Случаен минувач го слушнал плачот на новороденчето од црна пластична обвивка што кучето го влечело покрај зградата на градската општина. Пешакот го спасил девојчето, кое наводно било старо само неколку часа во моментот кога било пронајдено и го однел во Исламската болница пред новороденчето да биде префрлено во владината болница во Триполи за дополнителна медицинска помош. Нејзината состојба е сериозна, но стабилна. Властите соопштија дека истрагата е во тек. Десетици луѓе се огласија на социјалните мрежи за да го осудат напуштањето на новороденчето и се понудија да го посвојат, откако фотографиите од бебето со модринки на лицето и телото станаа вирални.
Бебето е фрлено во област која е опасна ноќе, затоа што таму има многу кучиња скитници. Општината претходно се обиде да ги отруе овие кучиња, но организациите за заштита на животните одбија и повикаа на нивна заштита.
Се смета дека сиромаштијата е причина поради која родителите го оставиле детето. Извештајот на Хјуман рајтс воч од 2022 година откри дека повеќе од половина од Либанците не можат да си дозволат соодветно греење, облека или образование. Дополнително, 43 отсто од населението изјавиле дека не можат да платат за медицинска нега, а 42 отсто изјавиле дека не можат да си дозволат грижа за децата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куче нападнало три деца во Крива Паланка,…
Жена од Крива Паланка доби кривична пријава…
Израел го нападна Либан
Со повеќе воздушни напади Израел атакуваше на…
Малолетник каснат од куче скитник во училишен…
На 10.02.2025 во 10:20 во Полициската станица…
Почина кученцето кое беше крвнички претепано со…
Почина кучето Феликс кое кон крајот на…
Кривична пријава за 83-годишниот стружанец кој со…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)…