Пендаровски во посета на Македонците во Пустец

t

Претседателот Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Поградец.

Пендаровски во Пустец ќе биде пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.

Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што претседателот ќе оствари средба со локалните власти и ќе ги посети црквата Св „Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Албанија

Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…

НАД 216 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ИМААТ БУГАРСКИ ПАСОШИ!

Над 216 илјади пасоши, односно бугарски државјанства…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…