Приведен кавадарчанец: Пронајдена поголема количина дрога
Во текот на денот на подрачјето на Кавадарци, во рамки на полициските активности на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес со цел откривање на дилери на дрога, околу 16.00 часот во близина на паркот во Кавадарци лишен е од слобода П.Ќ.(27) од Кавадарци.
Кај него полициските службеници пронашле поголемо пакување амфетамин, а подоцна во неговиот дом предал уште пет пакувања амфетамин, подготвени за улична продажба и поголемо пакување на синтетичка дрога кристал – мет.
Лицето е приведено и во координација со Јавен Обвинител од ОЈО Кавадарци против него ќе биде поднесена кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавадарчанец пронашол експлозив во ѕидот од својот…
Жител на Кавадарци при реновирање во неговиот…
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со…
При инспекциските надзори не се констатирани недостатоци…
Здравство реагира по смртта на детето од…
По трагичната смрт на тригодишно дете од…
19-годишник ограбил повозрасна жена во Кавадарци
На 25.05.2025 во 01.20 часот на улица…
Владата на ДПМНЕ се фали со проекти…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата…