Медведев го пофали новото лого на Твитер: Каде што е X, таму се V и Z, симболи на специјалната операција
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, денеска ја пофали промената на логото на Твитер во црно-бела буква „Х“, истакнувајќи дека таму каде што има „Х“, има „З“ и „В“ – симболи на руската специјална воена операција во Украина.
Што, сега Х? Прекрасно! Каде што е X, таму се V и Z, напиша Медведев на својот Твитер профил.
Социјалната мрежа Твитер денеска го ажурираше своето лого – наместо сина птица, на страницата сега има црно-бела буква Х.
Американскиот претприемач и нов сопственик на компанијата Илон Маск изјави дека логото на социјалната мрежа ќе биде финализирано.
Како што изјавил, буквата Х ја симболизира несовршеноста на луѓето што ги прави единствени, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев предупредува на директен судир Русија-НАТО
Последен пат светот беше толку блиску до…
Медведев: Зеленски ги измеша лончињата и си…
Украинскиот претседател Зеленски тврди дека постои „дезинформациски…
Медведев: „Старата баба“ ЕУ не фигурира на…
Медведев за ЕУ изјави дека не може…
Нов бисер од Елон Маск за тоа…
Постои една стара изрека, рече Маск -…
Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…
Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…