Објавено на:

Границите меѓу ЕУ и Белорусија ќе бидат затворени во случај на инциденти со Вагнер

t

Полска, Литванија и Летонија би можеле да донесат заедничка одлука за затворање на границите со Белорусија доколку има сериозни инциденти поврзани со руската паравоена група „Вагнер“ долж нивните граници.

Ова денеска го најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.

– Доколку има сериозни инциденти со групата „Вагнер“ на границите на земјите од НАТО и Европската унија, како Полска, Литванија или Летонија, несомнено ќе преземеме акција заедно, рече Камински.

Тој додаде дека не е исклучена можноста за целосна изолација на Белорусија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, министерот за одбрана Мариуш Блашчак и министерот за внатрешни работи Мариуш Камински денеска го посетија пограничниот регион со Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…

ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…

Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…

Мерц бара значително намалување на буџетот на…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…