Објавено на:

Серија земјотреси утрово во Турција!

t

Серија земјотреси рано утринава ги потресоа луѓето во Турција. Три земјотреси стресоа различни делови на земјата, објавија турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и сеизмолошката опсерваторија Кандили со седиште во Истанбул.

Земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран денеска во 7 часот и 56 минути во округот Малатија, југоисточна Турција. Епицентарот на земјотресот бил во градот Путурге. Длабочината на земјотресот била 7,04 километри, јавува АФАД.

Во 7 часот и 15 минути, земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во блискиот округ Хатај. Епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море, недалеку од градот Самандаг, на длабочина од 7 километри.

Малатија и Хатај беа меѓу единаесетте области погодени од разорните земјотреси на 6 февруари.

Во 5 часот и 18 минути е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,3 степени во Средоземното Море. Потресот бил почувствуван најмногу во одморалиштето Датча, округот Мугла, југозападна Турција. Неговата длабочина беше 6,94 км.

По трите земјотреси следеа голем број последователни потреси. Нема информации за повредени или материјална штета, но земјотресите предизвикаа паника кај луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…