Кривична против скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

t

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ж.М.(62) од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 ст.3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, при извршена контрола на 06.10.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во населба Радишани, Општина Бутел, бил затекнат како неовластено тргува со отпад.

Притоа е утврдено дека тој не е регистриран во Централниот регистар како физичко лице или како трговец поединец и не поседувал Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е должен да ја поседува согласно чл. 64 од Законот за управување со отпад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична…

Денес Синдикат на Полиција во Македонија -…

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан…

МВР поднесе кривични пријави против две лица…

Кривична пријава за насилник од Битола, одреден…

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното…

МВР поднесе прекршочна пријава против едно лице:…

СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан…