Објавено на:

Ѓоковиќ за 40 минути во осминафинале, елиминиран ланскиот шампион!

t

Новак Ѓоковиќ тамам сакаше да почне да се враќа во ритам, откако направи пауза по загубеното финале на Вимблдон, арно ама не одигра ни цел меч во првото појавување на мастерсот на Синсинати.

Неговиот противник од 2. коло, Алехандро Давидович Фокина од Шпанија го предаде мечот откако се пожали на повреда по завршувањето на првиот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ со 6-4. Следен ривал за Србинот ќе биде Гаел Монфис од Франција, кој вчера приреди мало изненадување совладувајќи го 12. на АТП-листата, Алекс Де Минор од Австралија со 7-5, 6-4.

Toj не беше единствен од рангираните тенисери, кој мора да пакува куфери. Елиминиран беше и ланскиот првак, Борна Ќориќ (15) од Хрватска, со пресврт од Полјакот Хуберт Хуркач 5-7, 6-3, 6-3.

Осминафиналето беше недостапно и за шестиот носител, Данецот Холгер Руне, кој мораше да се повлече поради повреда во дуелот со Американецот Мекензи Мекдоналд, во ситуација кога губеше со 6-4, 0-2. Елиминиран е и десеттиот рекет во Синсинати, Френсис Тијафо од САД, од некогашниот број 3 на светот, Стан Вавринка, со 6-3, 6-4.

Женскиот дел од турнирот остана без ланската финалистка и деветта на светот, Петра Квитова од Чешка. Беше совладана од сонародничката Линда Носкова со 3-6, 6-2, 6-4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…

Франција утрово прави преглед на штетите по…

Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во…

Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на…

Излезноста во Брвеница до 11 часот е…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…