(Фото) Собраниската сала сѐ уште е празна, внатре се само двајца пратеници
Точно во 11 часот собраниската пленарна сала е сѐ уште празна, иако седницата за уставните измени е закажана во 11 часот.
Во салата се забележани само двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски и Јован Јаулески.
Во Собранието пристигнаа пратеници од сите политички партии. Горан Мисовски во изјава за медиумите апелираше дека најважно е Македонија да продолжи да чекори по европскиот пат. Пратеникот од Партијата на пензионерите, Илија Николовски, е оптимист дека уставните измени ќе се случат. Пратеничката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели објасни дека уставните измени нема да се гласаат на денешната седница, но денес почнува процесот кој е многу важен за иднината на државата.
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, пак, е убеден дека уставните измени нема да поминат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…