Објавено на:

Поранешниот италијански премиер: Не успеа стратегијата на НАТО против Русија

t

Стратегијата на НАТО во однос на конфликтот во Украина не доведе до посакуваниот резултат, а економските санкции кои беа воведени против Русија не ја уништија нејзината економија, изјави поранешниот премиер на Италија, Џузепе Конте.


„Сосема е различно. Руската армија во Бахмут (Артјомовск) не беше уништена, нејзините воени единици не се распаднаа, немаше повлекување поради украинската контраофанзива“, напиша Конте на Фејсбук.
Поранешниот италијански премиер додаде дека можноста за внатрешна дестабилизација во Русија пропаднала пред „зајакнувањето на лидерството на Путин и растот на внатрешниот консензус“, а западните политики не успеале да доведат до изолација на Русија.
„Изолацијата на Русија во никој случај не стана реалност. „Штотуку заврши 15-тиот самит на групата БРИКС, предводена од Русија и Кина, со конкретна перспектива за натамошно проширување во 2024 година, која ќе опфати 45 отсто од населението на планетата и 38,2 отсто од светскиот БДП“, рече Конте.
Тој нагласи дека конфликтот во Украина покажа дека Европската унија не е способна да дизајнира ефикасна заедничка стратегија и да води независна политика и економија, независно од САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…

Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…