Груби ги потврди информациите на Инфомакс: Пет олигарси креирале економско-политички центар против ДУИ – работат на широка Влада на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
„Петмина олигарси креирале економско-политички центар против ДУИ, олигарски кои преку приватизацијата стекнаа огромно богатство“, изјави првиот заменик премиер Артан Груби за РТВ21 во Приштина, Косово.
Груби смета дека на тие луѓе им пречи моќта на ДУИ, а со тоа и економската и политичката моќ која ја добиваат Албанците во Македонија.
„Им пречи што се гради коридорот 8, проект од 1,5 милијарди евра, им пречи патот на Арбер, им пречи факторизирањето на Албанците во Македонија. На нив им пречи тоа што во земјата владее ДУИ, владее Артан Груби, владее Али Ахмети“, рече Груби.
Според него, целта на оваа група на луѓе е да го сопрат ова владеење и да овмозможат заедничко владеење на двете партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, да се тргнат Албанците на страна, или да најдат некој Албанец кој ќе им направи „ќеф“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…