Ердоган: Сакаме да испратиме жито во сиромашните земји, разговаравме за тоа со Путин

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по тричасовната средба со неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Сочи изјави дека очекува наскоро да биде донесена одлука за договорот за жито.

„Разговаравме за обновување на договорот за жито во Црното Море. Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со иницијативата за жито“, рече Ердоган.

Тој истакна дека алтернативните опции од договорот за жито во Црното Море не даваат трајно решение и дека иницијативата мора да продолжи, пополнувајќи ги празнините.

„Сакаме да испратиме жито во сиромашните земји, разговаравме за тоа со Путин. Турција ќе направи се што е потребно за да испрати жито во сиромашните земји, се договоривме за тоа“, истакна Ердоган.

Според него, „Украина треба да ја омекне својата позиција кон Русија во однос на договорот за жито“.

„Разговаравме за земјоделството, туризмот, финансиите, енергијата и други прашања“, додаде Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Честитки за победата и успех во исполнувањето…

Министерот за надворешни работи додава дека земјава…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…

„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на…

Уште еднаш се потврди дека без вистинско…