Нов скок на цената на нафтата
Втора недела по ред цената на суровата нафта на светските берзи бележи постојан раст – цената на барел нафта од типот брент на лондонската берза денеска достигна 90 долари, што е највисоко ниво од крајот на минатата година.
Новите намалувања на производството и извозот на нафта во светот и неизвесноста во понудата придонесоа за растот на цената.
Саудиска Арабија, водечката членка на организацијата за извоз на нафта ОПЕК и најголемиот светски производител, потврди дека ќе го продолжи дополнителното намалување на производството на нафта за еден милион барели дневно до крајот на годината.
И Русија објави дека до крајот на годината го продолжува дополнителното намалување на извозот на црно злато за 300.000 барели дневно.
Загрижувачки е тоа што истовремено расте и побарувачката на нафта, па се стравува од нови поскапувања на црното злато.
Светските анализи покажуваат дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми за речиси четвртина до 2045 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нафтените гиганти од САД објавија рекордни добивки
Нафтените гиганти ЕксонМобил и Шеврон заработија вкупно…
Драматичен пад на цената на нафтата по…
Цените на нафтата значително паднаа откако САД…
Брент собори нов рекорд: Нафтата е најскапа…
Глобалните цени на нафтата го забрзаа својот…
Цените на нафтата повторно растат
Цените на нафтата на светските пазари денес…
Нов скок на цените на нафтата
Цените на нафтата пораснаа за околу седум…