Русија изврши ракетен напад врз Киев, сите проектили соборени

t

Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна тревога низ Украина, која била укината околу еден час подоцна.

„Уште еден ракетен напад на непријателот против мирен град со цел да се убие цивилното население и да се уништи инфраструктурата“, напиша шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека според првичните податоци, во главниот град на Украина нема жртви или штети. Останува нејасно колкав е обемот на нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…