Македонците во Албанија го честитаат Денот на независноста на Македонија: Нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок
До сите Македонци каде и да се честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.
– МАЕИ на сите Македонци каде и да се, им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи, стои во честитката.
Се посакува „нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок”.
Честитка упати и Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа.
– Во мое и во име на Советот на општината и општинската администрација нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, стои во честитката на Колефски.
Денот на независноста го честиташе и Македонското друштво „Илинден-Тирана“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…