ЦУК: Изгаснати се сите 19 пожари од вчерашниот ден
Вчера (петок 08.09.2023 година) имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати – активни пожари нема, информираат од ЦУК.
Согласно координативните активности и известувањата во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснатите 19 пожари на отворен простор биле во:
- Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума);
- Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација);
- Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација);
- Општина Бутел, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација);
- Општина Чучер Сандево, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација) ;
- Општина Арачиново, с.Стрaчинци (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Гази Баба, с.Булачани (ниска вегетација) ;
- Општина Струмица, с.Бориево (ниска вегетација);
- Општина Валандово, с.Брајковци (ниска вегетација);
- Општина Струга, с.Франгово (ниска вегетација);
- Општина Дебар 3 пожари, Брана Шпиле (ниска вегетација), месност „Бомовска Чешма“ (ниска вегетација), месност „Мелничи Мост“ (грмушки);
- Општина Кичево, с.Мидинци (стрниште);
- Општина Македонски Брод, с.Латово месност „Лозја“ (ниска вегетација и дабова шума);
- Општина Куманово 3 пожари, Градскиот Парк – Куманово (ниска вегетација), населба „Карпош“ месност „Рајково Куќа“ (ниска вегетација, стрниште), с.Довезeнце (ниска вегетација и стрниште) и во
- Општина Македонска Каменица, месност „Калуѓерица“ помеѓу Делчево и Македонска Каменица (каде што горела борова и дабова шума).
Инаку, пожарникарите во државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 2.000 повици на 112 во последното…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…
Паметните часовници ќе спасуваат животи, отсега автоматски…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува…