Милевски: Дај Боже секогаш да играме како со Италија

t

Голот на Барди од слободен удар во финишот на вчерашниот натпревар против Италија донесе реми и уште еден голем резултат во нашата историја.

Селекторот Милевски по натпреварот на прес-конференцијата истакна дека посакува секогаш репрезентативците да играат како во вчерашниот натпревар:

„Ова е поинаков натпревар од оној во Палермо. Задоволен сум од желбата и квалитетот кој е неспорен. Ова е реми и се добива само еден бод, па ремито не е победа. Во вториот дел бевме подобри, отколку во првото. Имавме аномалии во играта кои ги отстранивме во продолжението.

Критиките кон сите нас се добредојдени ако се добронаметни. За оние кои првпат настаапија пофалби за играта, иако многу кратко беа со нас. Секој квалитет во репрезентацијата е добредојден. Имаме млади фудбалери и имаме добра насока по која треба да се движиме. Карактерно имам одлични момци, а и физички не се грижам, бидејќи септемврискиот е подобар „прозорец“ од јунскиот. Тогаш играчите се надвор од ритам, а сега е полесно, бидејќи моите фудбалери играат и редовно тренираат во своите клубови. Кога играте против репрезентација со нов селектор, го анализиравме и Наполи, но не целосно.

Не чувствувам притисок од никого, иако добро е да го има тој притисок – значи вредиме како репрезентација. Тоа треба да ни биде мотив за во иднина. Дај Боже да имаме таков притисок, а ние да изгледаме како вечерва.

Ништо нема да ни значи овој бод ако не ја победиме Малта. Мислам дека нема да полетаме со главите, ги знам моите фудбалери и верувам во нив. Момците се исцрпени, три замени направив заради замор, а за теренот не би коментирал. Среќен сум што немаше потешки повреди на двете страни“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Голема акција во Италија: 142 лица се…

Италијанските власти соопштија дека денеска во операција…

Матарела: ЕУ минува низ најтешкиот период од…

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…