Мигрант загинал од струен удар на покрив од воз во Градско
Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК е добиена информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар. Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош. Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Навивачите бесни по најавата за цените за…
Здружението на фудбалски навивачи јавно изрази негодување…
Неуспешен барател на азил поставил лажен динамит…
Неуспешен барател на азил предизвика безбедносно предупредување…
Двајца жители на Лојане претепале и ограбиле…
23-годишен мигрант од Египет останал без пари…
8 лица се пренесени во болница по…
Вчера утро, во 10:45 часот, во СВР…
Криумчар криел седум мигранти во „фолксваген“
На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на…