Србија денеска против Германија за светско злато!

t

Кошаркарската репрезентација на Србија, предводена од селекторот Светислав Пешиќ, денеска во финалето на Светското првенство во Манила (14.40 часот) против Германија ќе се обиде да го освои историскиот златен медал – првиот под името Србија.

Српскиот тим под името СРЈ последен пат беше светски шампион во Индијанаполис во 2002 година, а уште тогаш Пешиќ како селектор го водеше тимот од клупата.

И покрај отсуството на Никола Јокиќ, Василиј Мициќ, Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ и уште неколку важни играчи, Србија покажа фантастична кошарка, особено во четврт-финалето против Литванија и полуфиналето против Канада.

Во финалето се соочуваат со најтешкиот можен противник – непоразените Германци, кои во полуфиналето ги исфрлија САД.

„Ова е финале кое го карактеризираат две исклучително силни екипи кои пристигнаа овде со тимски однос и добра атмосфера. Веројатно никој не го очекуваше тоа, но ние го направивме тоа и тоа е најважно. Очекував Германија да стигне до финалето, не затоа што другите селекции се послаби, туку затоа што покажаа најмногу на ова првенство. Не загубија ниту еден натпревар, имаа перфектно првенство и тоа не ме чуди бидејќи одлично ги познавам тој тим, тренерот и играчите. Нивниот најголем квалитет е континуитетот бидејќи играат заедно веќе неколку години“, изјави Пешиќ за новинарите во Манила, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

Вучиќ: Македонците се наши браќа и пријатели,…

Во интервју за државната српска телевизија РТС,…

Германија досега замрзна руски имот во вредност…

Во Германија досега е замрзнат руски имот…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Вучиќ: Ќе мора да увезуваме работна сила…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…