ЕГЗОДУС ВО ТЕТОВО! 173 ученици се отпишале од училиште за ДВЕ НЕДЕЛИ!
Катастрофални и поразителни податоци пристигнуваат од Општина Тетово, каде 173 ученици се отпишале само од основните и средните училишта во општината за две недели.
Ваквиот негативен рекорд е буквално егзодус на населението во Тетово.
Ваква е сликата со години, раскажува Назми Даути раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.
„Во оваа учебна година имаме 991 ученик кои се запишаа во прво одделение. Имаме 50 ученици помалку во основните и 200 ученици помалку во средните училишта за разлика од минатата учебна година. Сето ова се случува поради заминување на наши млади луѓе во странство, не гледаат иднина тука во нашата земја и сите заминуваат. Во учебната година 2022-2023 година за две недели кога траеше зимскиот распуст се исселија 173 ученици, што значи дека сега имаме 8 паралелки помалку во основните и средните училишта“, вели Назми Даути раководител на Сектор на јавни дејности при Општина Тетово.
Додека градоначалникот Касами вее знамиња на “голема Албанија”, и македонското и албанското население во Тетово се иселува во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Јаневска: Економијата добро се движи, верувам дека…
Минатата година недостасуваа 17 илјади ученици и…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Во голем дел од тетовско утре ќе…
Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…