Илјадници загинати во Либија откако две брани се урнаа поради невреме
Триполи – Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен.
-Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија.
Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“.
Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила и остатоци. Телефонските линии во градот исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување, рече Али, а работниците не можеа да влезат во Дерна поради огромното уништување. Али рече дека властите не ги предвиделе размерите на катастрофата.
Шефот на либиската источна влада, поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски за поплавите во Стајковци: Плачот на…
*Фејсбук статус на поранешниот премиер Никола Груевски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…
Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…
Невремето прави хаос – падна дрво пред…
Големото невреме и град кои вечерва го…