Кираџиева до ДПМНЕ: СРАМ ДА ВИ Е! “Сакате да буткате” Влада, ама не ви се оди на протести

t

ДПМНЕ наводно сакаат да буткаат власт, ама не сакаат да излегуваат на протест, вели активистката на Левица, Весна Кираџиева.

– Не ми се јасни ДПМНЕ – од една страна, наводно сакаат да буткаат власт на СДС-ДУИ, од друга страна не излегуваат на протести?! Кого штитите?!

Како ќе буткате власт, другари? Од тастатура? Со коленичење на Кале и продавање на задници под кирија кај „господарите“?

На улица, меѓу народот кој веќе втора недела изјавува револт поради сите убиства (не е само Онкологија), така се дава народна поддршка, така се руши нелегитимна власт. Ама дали сакате, е тоа е прашање?

И не се плашете, протестите се сенародни, никаде не е пишано и изјавено дека Левица стои зад протестите, а тоа што го гледате претседателот на Левица таму, тоа значи дека е народен човек, кој е тука заедно со својот народ, дека не седи удобно во собраниска фотелја да си ја чека платата како вас, додека народот му умира по улици и темни болнички ходници!

СРАМ ДА ВИ Е! – напиша Кираџиева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…

Венко Филипче и талогот на СДС никако…

Станови со 20% попуст и нула комуналии…

Во тек е подготовката на двата специјални…

Во владината кошничка нема трошок за кирија,…

Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…

Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…

Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…