Полска ќе ја продолжи забраната за увоз на украинско жито без оглед на одлуката на Европската комисија
Полска нема да се двоуми да ја продолжи забраната за увоз на жито од Украина ако Европската комисија одбие да го продолжи ембаргото над Украина, изјави полскиот министер Валдемар Буда.
Во моментов Европската комисија им има дадено зелено светло на пет земји членки за ставање ембарго на увозот на жито од Украина, но Буда изјави дека се плаши дека Европската комисија најверојатно ќе го прекине ембаргото.
Сепак, полската влада навести дека не може да го дозволи увозот на украинското жито во време кога полските фармери само што ја завршија овогодинешната жетва и треба да го продадат својот продукт по конкурентни цени. Житното ембарго на украинските производи како жито, пченка, јачмен и сончоглед беше наметнато од Бугарија, Унгарија, Романија, Словачка и Полска и беше одобрено од европската комисија на почетокот на мај оваа година и требаше да трае до јуни, но беше продолжено од страна на комисијата до 15-ти септември.
Буда потврди дека транзитот на житните производи од Украина преку житниот коридор до другите земји на ЕУ и остатокот на светот ќе продолжи непречено и дека Полска ја поддржува и охрабрува оваа иницијатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
Лавров: Полска покажува подготвеност за конфронтација
Москва ја гледа јасната подготвеност на Полска…