Пет дена гори депонијата во Желино, интервенираа и ер-трактори
Со интервенцијата на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои фрлија вода од врз депонијата во село Добарце Општина Желино која гори петти ден, пожарот на депонијата веќе не е активен, велат од ЦУК.
„По успешното дејство на два противпожарни авиона „Ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во два наврата, врз депонијата, во моментот додека информираме пожарот не покажува знаци на активност и не чади. Во тек е ангажман на градежна механизација за дополнително затрупување на деловите каде што чадело“информираше раководителот на Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи.
Од тетовската пожарна информираат дека тие пет дена редовно интервенираат на пожарот со тоа што се праќани пожарникари да го гаснат огнот употребувајќи вода од камионите со цистерни.
„Овие пет дена постојано фрламе вода, но според мене целосно ликвидирање на запалениот отпад ќе има кога ќе се изгаси огнот и ќе се затрупа изгореното со земја. Во купиштата изгорен отпад се појавува внатрешно согорување и затоа е потребно да се затрупа, информираше Авни Амети“, командир на Територијалната против пожарна единица Тетово.
Пожарот избувна во саботата 9 септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче од Желино: Дали се однапред договорени…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ тргна по еден пат…
Сто луѓе, костумисани и „со фанфари“ пуштаа…
Претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министерот за…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
(Видео)Пожар во зграда до бараките на општина…
Доцна вечерва избувна пожар во близина на…