Јовиќ: Не заслуживме пораз со девет гола разлика

t

Екипата на Еурофарм Пелистер со очекуван пораз ги започна своите настапи во Лигата на шампионите. Норвешкиот шампион Колштад славеше рутинска победа во Битола (22-31) и ги впиша првите бодови во групата А од европската ракометна елита.

Македонскиот стратег на клупата на пелистерци, Александар Јовиќ не го криеше незадоволството од убедливиот пораз.

„Честитки за победата на противникот, му посакувам среќа и успех во понатамошните натпревари во ЛШ. Лошо го отворивме натпреварот, имавме голема желба и бевме борбени, но не реализиравме многу зицери. По мојата статистика промашивме девет зицери, а имавме и 3-4 технички грешки. Затоа сметам дека не заслуживме пораз од девет разлика. Овој натпревар треба да биде поука за понатаму и големо искуство. Екипата е речиси нова, и затоа ни треба време. Ова не се алиби за поразот, туку тоа е реалност“, рече Јовиќ.

Пелистер во второто коло во Лигата на шампионите гостува кај Алборг, а претходно на 17 овој месец го игра големото дерби во домашниот шампионат против Вардар.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…

Во тек е спасувачка акција на повредено…

Ренџери и полицајци три часа низ мрак…

Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…

(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…

Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…

ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…

Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…

Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…

Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…