Приведен крадец, украдените работи вратени на ограбените
Вчера во 15.30 часот во село Просениково, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Л.Ѓ.(22) од село Ерџелија, општина Свети Николе.
При преглед на простор во кој живеел и во нива во атар на село Просениково, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби извршени ноќта помеѓу 14/09 и 15.09.2023 на подрачје на општина Струмица.
Одземените предмети се вратени на сопствениците, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени две лица од струшко за обид…
Две лица од струшко се приведени во…
Приведен прилепчанец кој возел пијан на сред…
Вчера во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев”…
Албански државјанин „оперирал“ во автобуси на ЈСП…
Полицијата вчера го приведе Ц.Ш. (47) од…
Жена од струмичко измамена за 8.000 евра!
На 22.06.2024 во 11.20 часот во СВР…
Претрес во велешко Сојаклари, едно лице е…
На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници…