Милан прими пет гола од Интер, а Пиоли одби да им се извини на навивачите
Милан имаше идеален почеток на сезоната со три победи од три натпревари, но изгледаше очајно во дербито против Интер од кој прими дури пет гола.
Иако многумина по таков дебакл ќе испратат извинување до навивачите, Пиоли нема намера да го направи тоа.
„Немам намера да им се извинувам на навивачите. Дали мислите дека намерно примивме пет гола и намерно го загубивме дербито? Жал ни е, но се извинува само тој што прави нешто намерно“, вели Пиоли.
„Што се однесува до поразите на претходните средби со Интер, мислете што сакате. Вистина е дека загубивме пет по ред, но ќе се обидеме да бидеме подобри во следните пресметки. Интер е силен, нѐ изненади“.
„Им помогнавме да нѐ растурат кога во еден момент се откажавме од борбата. Игравме добро до 1-3, а потоа се распаднавме. Секогаш мора да се игра до крај. Овој резултат може да ни помогне“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ужасот над Зелениково“: Огнот стигнал до куќите,…
Пожар што ноќеска избувнал над Зелениково се…
Пожар во хотел во Валона: 5 лица…
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин”…
Спасен повредениот маж на Пелистер, имал скршеници…
Спасувачките екипи успешно извлекле повредено лице од…
Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци,…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…