Бектеши: Не се размислува за интервенција во цените на горивата

t

Владата засега не размислува да интервенира во цените на горивата, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, тоа би требало да дојде како предлог од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), ако согласно нејзините проекции има нагорен тренд на цените.

-Моментно не се разговара за тоа. Тоа би требало да дојде како предлог од РКЕ ако согласно нивните проекции има нагорен тренд на цените. Ние не можеме ние да влијаеме на светските берзи на нафтени деривати, можеме преку акцизата и ДДВ-то, но моментно ние во Министерството за економија не правиме такви анализи. Најверојатно се прават во Министерството за финансии и во РКЕ, истакна Бектеши во гостувањето на ТВ Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензинот поскапува…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова…

Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…

Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги…

Околу 87% од нафтените деривати минатата година…

Владата ги продолжи мерките за горивата до…

Владата на денешната седница, разгледувајќи ја актуелната…