Српски државјанин криумчарел мигранти низ Македонија

t

Денеска во 15.40 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица кај бензинска пумпа на автопат А1, го лишиле од слобода А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело  „криумчарење мигранти”.

Имено, откако претходно на наплатна станица „Смоквица“  со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на 8 лица мигранти од Сирија.

А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…