Објавено на:

САД се подготвени да му помогнат на Косово за нацрт-статутот за Заедницата на српските општини

t

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер денеска изјави дека САД се подготвени да ја советуваат Приштина при изготвувањето на статутот на Заедницата на српските општини.
Сепак, тој истакна дека, во крајна линија, прашањето е во рацете на Европската унија, како посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, објави „Репортерс“.


Во разговор со новинарите во американската амбасада, Ховениер рече дека САД ќе го поздрават секој предлог од Приштина на оваа тема, кој ќе биде веродостоен и разумен.
Ова е прва реакција на амбасадорот Ховениер по ова прашање, по изјавата на косовската претседателка, Вјоса Османи, пред неколку дена дека Приштина треба заедно со САД да подготви нацрт на статутот на ЗСО, рече весникот.


Белград и Приштина постигнаа договор за ЗСО во 2013 година, а потоа во 2015 година за принципите за нејзино формирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Трамп вели дека САД ќе ја задржат…

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…

САД се подготвени да го зголемат економскиот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…