Хамас се предомисли: Ги постигнавме нашите цели, подготвени сме за можни преговори со Израел
Хамас е отворен за разговори за можно примирје со Израел, бидејќи ги „постигна своите цели“, изјави денеска висок функционер на палестинската милитантна група Муса Абу Марзук, информира Нова.рс.
На прашањето дали групата е подготвена да разговара за можен прекин на огнот, Марзук за Ал Џезира изјави дека Хамас е отворен за „сите политички дијалози“. Марзук додаде дека Хамас заробил „десетици“ израелски граѓани, вклучувајќи ги и оние со руско или кинеско државјанство.
Веќе трет ден беснее војната меѓу Израел и палестинската терористичка организација Хамас, која во саботата изврши масовен напад врз територијата на Израел. Тел Авив вети силна одмазда, која е во тек во форма на гранатирање на позициите на Хамас во Газа, но има и улични борби на границата меѓу Израел и Газа. Америка најави дека ќе испрати дополнителна воена помош за Израел, додека во тек е евакуација на странски државјани од Израел, меѓу кои и државјани на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…