(Видео) Јакимовски: Претседателот не треба да е ќутолог, еднаш и на овие од надвор треба да им рече СТОП и да им отчита лекција!

t

Ситуацијата во државата е повеќе од сериозна и потребен е сериозен кандидат за претседател на државата, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, одговарајќи на прашањето дали тој ќе биде кандидатот за претседател предложен од неговата партија.

– Дали знаете дека Бугарите се преплашени таа партија кај нив што е проруска и експлицитно против ЕУ, на која ѝ расте рејтингот, ќе го менуваат Уставот за да стои дека се членка на НАТО и ЕУ за да ако евентуално дојде на власт не може да го смени тоа.

Тоа значи дека на наша граница може да дојде Путин, ни треба посилна и посериозна војска. Не дај Боже кога се случи Ковидот видовте што се случи, останавме без вакцини, оваа држава нема енергетика, нема производство.

Претседателот не треба да е ќутолог, треба да предлага политики, треба и на овие од надвор да им рече стоп и да им отчита лекција еднаш, вели Јакимовски кој смета дека претседателот има ингеренции кои никој досега не ги искористувал.

– Нас најмалку ни треба инаетчија, се што се прави треба да биде сериозно размислено, видовте ли за некоја работа претседателот да ги собере сите да видат што ќе прават, Претседателот за многу работи треба да преземе иницијатива. Претседателот не се поставува како претседател на државата, не можеш секогаш да пееш во хор, некогаш нема да потпишаш закон, да видиш како ќе постават битни политики, има начини ако се сака.

Работите не се за шега. Многу волунтаризам влезе во политиката, многу незнање, владата, министерствата па и претседателската институција стана центар за обука, ние многу работи треба да ги промениме. Некогаш куриозитет ни беше да кажеме дека сме имале премиер на 29 години, кога се распаѓаше Југославија вие имавте премиер на 29 години, затоа ви е таква државата, се распаѓа, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…

Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…

Радев: Македонија треба само да ги впише…

Единственото нешто што треба да го направи…

Филков: Обидите да се прикаже законската обврска…

Министерот за правда, Игор Филков најостро реагира…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си…

Филипче во последно време стана погласен за…

Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го…

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат…