Бектеши: Цените ќе паѓаат, глобите за непослушните до 20 илјади евра!

t

Со новиот предлог-закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, ќе има и намалување на цените за најмалку 10 отсто, а ќе се подобри и квалитетот на производите, бидејќи во рамките на предвидените 26-те трговски практики, се вметнати и земјоделски производи со краток рок, објасни министерот за економија, Крешник Бектеши по работниот состанок со Стопанската комора на Македонија.

Според Бектеши, генерално квалитетот на производите со кус рок се нарушува и кога нема договори меѓу производителите и добавувачите.

За бизнисмените е најбитно што добиле 6 месеци преоден рок да се подготват за новиот закон, а во рок од дваесеттина дена тие ќе ги достават своите забелешки на ЕНЕР, порача Васко Ристовски од СКСМ.

Според него, главните забелешки дошле од правните тимови на трговците, оти ова е сосема нов закон и за првпат се носи кај нас. Инаку, повеќето од директивите на ЕУ се во новото законско решение и тој ќе оди во Собрание со европско знаменце.

-Во предлог законот, глобите одат до 20 илјади евра, но ние сме отворени за дополнителни предлози од бизнис заедницата – рече Бектеши.

За зголемениот ДДВ на витамините е одговорно Министерството за финансии

Најдоцна до петок се очекува да биде објавена листата на производи на кои им се покачува ДДВ-то од 5 на 10 отсто и истиот ден ќе стапи на сила, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца. По повисока цена ќе се продаваат и мултивитамини и други додатоци во исхрана како и препарати за вознемиреност или несоница. Прашан за новата листа на производи со зголемен ДДВ од 10 отсто, Бектеши ги упати новинарите до Министерството за финансии, „оти тоа бил нивен предлог“.

-Јас и претходно наведов дека ако има случајна техничка грешка кај некои производи, тоа ќе се корегира. За критериумите при изборот на другите производи да бидат со ДДВ од 10 отсто, ве молам да се обратите до МФ. За нас како Министерство за економија е важно основните прехранбени производи од гарантирана цена да останат на 5 отсто -додаде Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…