Нема да престанеме додека не ги елиминираме сите оперативци на Хамас, вели израелскиот министер за одбрана
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан вети дека војната против палестинските терористички групи во Појасот Газа ќе биде „смртоносна“ и трајно ќе ја промени ситуацијата во јужен Израел, пишува Нова.рс.
„Ова е војна на синовите на светлината против синовите на темнината“, рече Галан на прес-конференција од воената база во близина на границата со Појасот Газа, мислејќи на познатиот антички воен прирачник откриен меѓу свитоците од Мртвото Море.
Министерот Галан рече дека израелската армија ќе ја „елиминира организацијата Хамас“, бидејќи тоа е култура која не го прифаќа постоењето на Израел овде, тие се човечки дивјаци, ѕверови, кои убиваа израелски војници, деца и граѓани.
„Ќе стигнеме до сите тунели, ќе стигнеме до сите оперативци на Хамас и додека не ги елиминираме, нема да ја завршиме мисијата“, посочи Галан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…
Рекордна излезност на изборите во Израел: До…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Израелците денеска гласаат на парламентарни избори, неизвесна…
Граѓаните на Израел денеска излегуваат на парламентарни…
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…