Синагога во Берлин нападната со молотови коктели!
Синагога во Берлин е нападната со молотови коктели, соопшти германската полиција. Тоа се случува кога антисемитските инциденти во германскиот главен град се зголемуваат по насилната ескалација на Блискиот Исток, пишуваат берлнските медиуми.
Заедницата Кахал Адас Џисроел вели дека нејзината синагога во населбата Мите во градот била нападната рано во средата со две запаливи направи. Во комплексот во центарот на Берлин се сместени синагога, детска градинка и центар на заедницата.
Полицијата, исто така, соопшти дека во текот на ноќта имало немири меѓу муслиманските имигранти и полицијата во градските населби Нојкоелн и Кројцберг и кај знаменитоста Бранденбуршка порта во Берлин, во кои се повредени неколку полицајци.
Германската полиција ја зголеми безбедноста на еврејските институции во Берлин и на други места по нападите на Хамас врз Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем пожар во Берлин: Затворени врати…
Берлинската противпожарна бригада ја предупреди јавноста за…
На денешен ден војниците на Црвената Армија…
На денешен ден, 30 април 1945 година,…
Вдовицата на Навални дочекана со громогласен аплауз…
Јулија Навалнаја учествуваше на пладневниот протест против…
ОД 250 ДО 10.000 ЕВРА: Берлин ги…
Берлин воведува построги казни за нелегално депонирање.…
Германскиот министер за одбрана: Путин сака да…
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска…