НАД 500 УАПСЕНИ ВО ПРОТЕСТОТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС; Американските Евреи бараат прекин на конфликтот во Појасот Газа
Околу 500 американски Евреи, меѓу кои и дваесет рабини, беа уапсени откако упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за време на протестот против израелско-палестинската војна.
Од „Еврејскиот глас за мир“, една од организациите која стои зад протестот, велат дека тоа е „најголемиот еврејски протест во знак на солидарност со Палестинците во историјата на САД“ и додаваат дека полицијата во Капитол ги искинала транспарентите „Мир сега“ што ги носеа демонстрантите.
Покрај тие транспаренти, демонстрантите носеа и маици „Не во наше име – Евреите велат сега примирје“ пееја и изговараа молитви на хебрејски, велат од организацијата.
Повеќе од 300 демонстранти синоќа упаднаа во зградата на Капитол Хил во Вашингтон, барајќи прекин на конфликтот во Појасот Газа. Протестот, заеднички организиран од организацијата „Еврејски глас за мир“ (ЈВП) и групата „Ако Не Сега… “ започна напладне пред зградата на Капитол Хил.
Во зградата се сместени неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот на САД, а полицијата на Капитол веднаш објави дека не се дозволени демонстрации во конгресните згради. Демонстрантите го повикаа Конгресот да преземе акција за да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас.
„Бараме да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ – со помош и поддршка на владата на САД. Коренот на насилството е угнетувањето, а ние сме тука да кажеме – не во наше име! Единствениот пат до мир и безбедност е да се обезбеди правда и еднаквост за сите. А тоа значи ставање крај на илегалната окупација на Палестина од страна на израелските власти. Бараме примирје“, се наведува во соопштението на организацијата.
HAPPENING NOW: Hundreds of American Jews are holding a sit-in at Congress — and we won’t leave until Congress calls for a ceasefire in Gaza. As thousands of U.S. Jews protest outside, over 350 are inside, including two dozen rabbis, holding prayerful resistance. pic.twitter.com/H0b2ort6fa
— Jewish Voice for Peace (@jvplive) October 18, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…