Објавено на:

Министерот за одбрана на Израел: Војната ќе има три фази, целта е елиминирање на Хамас

t

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека израелската војна против Хамас ќе биде поделена во три фази, а целта е елиминација на таа терористичка група преку уништување на нејзините воени и инфраструктурни капацитети, како и целосно отстранување на секоја одговорност што ја има Израел над Газа со создавање нов „безбедносен режим“ во Појасот.

Галант, на состанокот на Комитетот за надворешни работи и одбрана на Кнесетот, рече дека целта на првата фаза е да се убијат оперативците на Хамас и да се уништи инфраструктурата за да се уништи таа палестинска терористичка група, пренесуваат локалните медиуми.

„Ние сме во првата фаза, во која се одвива воена кампања со (воздушни напади), а подоцна и со (копнен) маневар чија цел е да се уништат оперативците и да се оштети инфраструктурата со цел да се порази и уништи Хамас“, рече Галант.

Тој рече дека после тоа борбите ќе бидат помалку интензивни, нагласувајќи дека последната фаза од конфликтот ќе вклучува „создавање нов безбедносен режим во Појасот Газа, отстранување на одговорноста на Израел за животот во Појасот и создавање на нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел“, објави Ал Џезира.

Галант им рече на израелските војници собрани вчера во близина на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат опколената енклава „од внатре“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…