Игуменот Фотиј (Александар Костовски) депортиран од Косово во Македонија
Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без никакво објаснување, јави дописникот на МИА од Белград.
Отец Фотиј е роден 1981 година во Скопје, а во Рашко-Призренската Епархијата на СПЦ е од 2004 година. До 2009 година служел како свештеник во манастирот Сопоќани и во Грачаница, каде што поминува најмногу време, а таа година поставен е за игумен на манастирот Девина вода кај Звечани, каде што непрекинато живее 13 години извршувајќи ги монашките должности, соопшти Рашко-призренската епархија.
-Во согласност со косовските закони, отец Фотиј, како граѓанин на Македонија, кој како и другите свештеници од нашата епархија кои немаат косовски документи, секоја година аплицираше за дозвола за престој во последните пет години. Кога денеска требаше да подигне нова дозвола со лична карта, без образложение му беше кажано дека барањето му е одбиено, се наведува во соопштението.
Од Рашко-призренската епархија наведуваат дека на игуменот на манастирот, иако имал одобрена дозвола за престој до 11 ноември 2023 година, му било кажано „дека мора веднаш да оди во притвор и дека ќе биде депортиран од Косово, како и дека сите негови претходни барања и дозволи за престој во Косово се откажани и дека неговиот понатамошен престој во Косово ќе биде нелегален“.
-Во документот што му е доставен, цитирани се членови од законот кои се однесуваат на „причини од национална безбедност“ без да се наведе каква било кривична или друга одговорност, се вели во соопштението.
Откако бил принуден да се согласи на депортација, на отец Фотиј привремено му бил одземен пасошот на Македонија и мобилниот телефон, темелно претресено му е возилото, на што посведочил претставник на ЕУЛЕКС, по што со полициска придружба бил депортиран до границата со Македонија, каде му е вратен пасошот и телефонот, со забрана за влез во Косово во следните пет години.
На депортацијата реагираше денеска и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ кој изјави дека „протосинѓел Фотиј, кој со години го регулираше престојот на Косово во согласност со административните процедури на Приштина, без никаква причина и објаснување е депортиран во Македонија од каде што потекнува, а ниту присутните претставници на меѓународните организации не успеаја да го спречат овој акт на насилство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…