Ново истражување: Србите попрво би биле во БРИКС отколку во ЕУ – Москва и Пекинг се поблиску од Брисел

t

Во октомври, Новата српска политичка мисла спроведе истражување на јавното мислење на примерок од 1.000 испитаници, а темите што беа опфатени, меѓу другото, беа влезот на Србија во Европската унија, односот со Русија, Кина и земјите од БРИКС, конфликт меѓу Израел и Хамас, како и позицијата на Србија и Србите на Косово.


Дури 41,2 отсто од испитаниците поддржуваат воспоставување на најсилни врски со Русија, Кина и земјите од БРИКС.
25,9 отсто од граѓаните воопшто не го поддржуваат влезот на Србија во Европската унија, а 20,7 отсто се оние кои целосно го поддржуваат ова прашање. „Повеќе да отколку не“ велат дека за ЕУ ​​се изјасниле 18,5 отсто од испитаниците, а „повеќе не од да“ 25,2 отсто од српските граѓани кои учествувале во ова истражување.


На прашањето „Дали мислите дека позицијата на Србија и на Србите на Косово и Метохија денес е посилна или послаба од пред доаѓањето на оваа влада?“, 50,4 отсто од граѓаните сметаат дека позицијата е послаба денеска, 14,2 отсто сметаат дека позицијата е „посилна“, 10,2 отсто сметаат дека позицијата е „иста“, додека 25,2 отсто немаат мислење.


За прашањето за израелско-палестинскиот конфликт, 41,4 отсто од испитаниците немаат мислење, а 36,6 отсто од учесниците во истражувањето на НСПМ не поддржуваат ниту една страна. 11 отсто од анкетираните граѓани го поддржуваат Израел, додека исто толку испитаници ја поддржуваат палестинската страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Вучиќ: Србија е нападната на многу расипан…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по…