Столтенберг: Приштина и Белград да се воздржат од дејствија кои водат кон ескалација!
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека е неопходно и Приштина и Белград да се воздржат од дејствија кои би можеле да доведат до натамошна ескалација и да се вратат на дијалогот под покровителство на Европската унија.
Столтенберг на прес-конференцијата истакна дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија.
„Сè уште има тензии, тоа е тешка ситуација, многу внимателно ја следиме и го зајакнуваме нашето присуство, особено на север. Главната порака е дека двете страни – Белград и Приштина треба да се воздржат од дејствија кои можат да доведат до понатамошни ескалација и да се воздржиме од запалива реторика“, рече Столтенберг.
Како што вели, неопходно е и Белград и Приштина да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ.
„Мислам дека тоа е исто така важна порака – да се види како ЕУ и НАТО работат рака под рака и како зголемените трупи на НАТО во Косово ги поддржуваат зголемените дипломатски напори на ЕУ“, рече Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руте: НАТО останува на Косово и во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…
Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…
„Ние сме мала држава, но се однесуваме…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од Хаг денеска изјави…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Сајбер напад врз веб-страниците на самитот на…
Проруска хакерска група денеска ја презеде одговорноста…