Првиот извештај за имплементацијата на стратешкиот дијалог Македонија – САД пред Владата
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на вчерашната седница на Владата го презентира првиот извештај за статусот на имплементација на проектите од планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Извештајот е подготвен од Министерството за надворешни работи како координатор на целокупниот процес врз основа на кварталните извештаи за реализирани активности доставени од страна на надлежните министерства, владини институции и агенции.
Македонија е прва земја од Западен Балкан, која одржа стратешки дијалог со САД на 2 јуни минатата година во Вашингтон. Со тоа билатералните односи меѓу двете земји се издигнаа на повисоко ниво зајакнувајќи ги стратешкото партнерство и долгогодишното сојузништво меѓу двете земји. Во рамките на првиот состанок на стратешкиот дијалог беа дефинирани повеќе области, пред сè, од билатерално значење, но и од регионален и глобален интерес. Како клучни области за соработка беа посочени: регионални иницијативи; одбрана и безбедност; врски меѓу луѓето; билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото; трговија и инвестиции итн., соопшти МНР.
„Целта на стратешкиот дијалог е преку потесна соработка да се зајакне придонесот на САД во рамките на спроведувањето на домашната реформска агенда, зајакнување на демократскиот напредок и развој на земјата, зголемувањето на нивото на безбедноста, подигнување на животниот стандард на граѓаните, како и остварување на заемните интереси на двете земји од регионален и глобален аспект.
Од овој аспект, во рамките на стратешкиот дијалог, во областа регионални иницијативи остварена е потесна соработка и обезбедена поддршка од САД за нашите претседавања со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) како и САД – Јадранската повелба (А5). Двете земји имаат заеднички интерес за подлабоко присуството и на САД на Балканот како еден од најважните двигатели на развојот и стабилноста на регионот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
„Во изминатиот период во делот одбрана и безбедност преку стратешкиот дијалог беа одржани заеднички обуки и вежби со САД, вклучително и со регионалните сојузници; обезбедена беше американска поддршка за континуиран развој на способностите на Македонија за постигнување на НАТО-целите, како и соработка за јакнење на способностите за сајбер-одбрана.
Преку проектите од областа врски меѓу луѓето се работи на јакнење на образовната соработка, како и подигнување на свеста за медиумската писменост, што е значајно за градење општество, кое ќе бара отчетност од јавните институции. Дополнително, зајакната соработка во рамките на културната размена ќе придонесе за поврзување на народите од двете земји, како и за развојот на нашите уметници и нивно претставување на светската сцена.
Соодветно на веќе утврдените приоритети, во тек е реализацијата на проектите и во делот билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото, со посебен акцент на борбата против корупцијата, за што веќе беа реализирани и многубројни посети од високи претставници на САД.
Во рамките на извештајот беше нотирана и зајакнатата соработка во рамките на стратешкиот дијалог во деловите трговија и инвестиции, бизнис-соработка, здравство итн.“, се наведува во соопштението на МНР.
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да го следи текот на реализација на планот на активности во рамките на стратешкиот дијалог и редовно да информира на Влада за статусот на реализација на проектите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…