Застарува делото „злоупотреба“ за Јанакиески во предметот „Талир“

t

Денеска беше закажано прво рочиште за предметот откако измените на Кривичниот законик стапија на сила, а обвинителката Ленче Ристоска предложи судот да донесе одлука за застарување.

-Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг закон. Јанакиески, согласно обвинението, се товари по член 353, став 4, за дејствија што ги презел во мај во 2013 година. Имајќи ги предвид новите казни за ова дело, сметам дека има основ да се применат како поповолен закон за обвинетиот.- – Ленче Ристоска – Јавен обвинител.

Но освен обвинителството, судот да констатира застареност на делата побараа и останатите обвинети. Екс пратеникот Илија Димовски очекува да се утврди застареност за делото перење пари, како и поранешниот генерален секретар на Влада, Кирил Божиновски и партијата ВМРО ДПМНЕ кои се опфатени со истото дело од обвинението.

Според обвинителството, овие дела не само што не се дел од измените на КЗ, туку во овој момент не можат да застарат бидејќи се сторени во периодот од 2009 до 2015, односно не бил изминат периодот од 10 години. Исклучок е само екс министерот Јанакиески, кој според обвинението, делото го сторил во 2013-та, но му останува делото за перење пари.

Судијата Осман Шабани денеска не донесе одлука за застареност ниту за Јанакиески ниту за останатите обвинети. Тоа ќе го стори на следното рочиште закажано за 10 ноември. Инаку случајот Талир влезе во судница во февруари 2019та и еднаш беше вратен од почеток поради промена на судечкиот совет. Се однесува на незаконското финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…