Напаѓачот во Ист гејт седел во обложувалница пред да пука

t

Нови фотографии на лицето коешто завчера пукаше и рани две лица во трговскиот центар Ист гејт се појавија на социјалните мрежи. Додека Министерството за внатрешни работи (МВР) сè уште трага по идентитетот на напаѓачот на фотографиите се гледа како напаѓачот седел во обложувачница во трговскиот центар и воопшто не се криел.

Полицијата ги проверува сите наводи поврзани со напаѓачот во „Ист гејт“, а двете лица со прострелни рани се наоѓаат на лекување по извршените оперативни зафати. Едниот се наоѓа на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, а другиот е на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Клиничкиот центар во Скопје. двајцата пациенти се во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредите остануваат на одделите за интензивна нега во болниците каде што се примени.

Завчерашниот напад министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го оцени како изолиран случај и додаде „вакви изолирани инциденти се случувале и ќе се случуваат“.

Министерот посочи дека е формиран посебен штаб во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје кој заедно со одделите за организиран криминал, криминалистичка полиција и форензика работи на прибирање информации и докази со цел утврдување на фактите и мотивите за вчерашниот напад во „Ист гејт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…