Груби: Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“
Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридроите 8 и 10д Артан Груби.
Тој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанновска-Давкова во однос на повиците пто ги упатува за вработувања во конзорциумот „Бехтел и Енка“, што според пратеничката е настпување како менаџер и портпарол на приватна фирма со пари на даночните обврзници.
-Се сеќавам во минатото, ако не се лажам во три валди што ги имаше ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година, при секоја странска инвестиција, нели тогашниот премиер, министер за финансии или било кој друг велеше дека се отвараат 1.000 нови работни места и ги повикуваше граѓаните да се вработуваат во тие компании, во индустриските, економските зони. Така беше една цела кампања на целата таа вмроовска Влада да се отвараат работни места во приватниот сектор и ги повикуваа граѓаните да се вработуваат. Ништо не е различно со овој проект, којшто го финансира државата и којшто овозможува над 2.000 работни места за наши граѓани да се вработуваат, рече Груби.
Тој побара и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ да ги повикаат граѓаните да конкурираат на работните места кои ги бара конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на четирите автопатски делници во земјава.
Во однос на тоа дали се платени пенали кон конзорциумот од страна на државата посочи дека податоците се јавни и ги има во ресорните министерства и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…